Top Sport

Ексголманот на Ливерпул, Гробелар измачуван од првиот убиен човек

Поранешниот легендарен голман на Ливерпул, Брус Гробелар првпат зборуваше отворено за своите мачни сеќавања од времето кога бил дел од од армијата на Зимбабве и кога убил човек.

Гробелар имаше над 400 настапи за „црвените“, но пред да дојде во Англија беше активен војник на Армијата на Зимбабве и беше дел од таканаречената Родезиска војна на грмушките, кога бил во ситуација да убие човек.

„Уште се сеќавам на моментот кога морав да убијам некого. Уште ги гледам неговите очи. Го погледнав, пулсот ми тресеше во ушите и го повлеков чкрапалото. Не почувствував ништо освен олеснување дека го погодив пред тој да ме погоди мене“, окрива Гробелар во новата автобиографија „Животот во џунглата“.

Родезиската војна на грмушките во Зимбамбве се слави како војна на ослободување, а всушност беше граѓанска војна од 1964 до 1979 година во која белечката власт на премиерот Јан Смит се бореше против црнечките бунтовници на чело со Роберт Мугабе.

60-годишниот Гробелар се потсети на уште примери од војничкиот живот, како мисијата во Мозамбик.

„Дознавме дека тие копаат ровови и мораа да излезат од некаде, во близината на реката Пафури. Побаравме воздушни напади, и бомбите ги убија. Моравме да одиме во реката и да ги видиме колку има убиени. Но, нивните тела привлекоа крокодили и додека ги влечевме од реката, моравме да пукаме во крокодилите“, пишува Гробелар.

Scroll to Top