Top Sport

Мурињо подготвен да го даде Погба за Дибала

Јувентус би се согласиле да го „предадат“ Пауло Дибала во обид да го добијат Пол Погба назад од Манчестер јунајтед само две години откако го продадоа за 100 милиони евра, а на ваква „трампа“ би се согласил и Жозе Мурињо, јавува „Дејли мирор“

Ова не е првпат да се зборува за можната трампа Дибала-Погба, посебно откако 24-годишниот Аргентинец не успеа да го задржи стартното место во тимот на Макс Алегри по доаѓањето на Кристијано Роналдо за 100 милиони евра, но „Мирор“ тврди дека договорот може да „падне“ веќе во јануари.

Погба цела мината сезона ја помина во конфликт со Жозе Мурињо, по што неколку пати не сакаше да потврди дека сака да остане на „Олд Трафорд“, а неговиот агент Мино Рајола повеќе пати изјави дека нема да биде проблем да му најде тим.

Од друга страна, Погба и Дибала се на „мета“ и на шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, но Јувентус веруваат дека Погба сака враќање во Торино, посебно бидејќи ќе му даде шанса да игра со Кристијано Роналдо.

Scroll to Top