Top Sport

Екскапитенот на Јунајтед, Валенсија потпиша за ЛДУ Кито

Откако играше во Манчестер јунајтед една деценија, поранешниот капитен на „ѓаволите“, Антонио Валенсија ќе се врати во својот роден Еквадор во тимот на ЛДУ Кито, потпишувајќи двегодишен договор.

33-годишниот Валенсија си замина од „Олд Трафорд“ откако му заврши договорот, по што настапуваше за еквадорската репрезентација на Копа Америка 2019, која беше елиминирана во групната фаза.

„Еден од најславните фудбалери во еквадорската историја, Луис Антонио Валенсија е нов член на нашиот клуб. Доаѓа во нашата лига со двегодишен договор со опција за уште една година“, се вели во соопштението на клубот.

Scroll to Top