Top Sport

Фудбалерката која влезе во конфликт со Доналд Трамп донесе полуфинале за САД (видео)

Американската фудбалерка Меган Рапино, која оваа недела беше вмешана во директна конфронтација со претседателот на САД, Доналд Трамп, постигна два гола за да им донесе на актуелните шампиони 2:1 победа над домаќинот Франција и пласман во полуфиналето на СП за жени.

Рапино, која најави дека би ја одбила понудата да дојде во Белата куќа ако Американките ја одбранат титулата (за што се први фаворити), постигна голови во 5-тата и 65-тата минута за да ги предводи Американките до 2:1 победа над Франција за полуфинале против Англичанките. Рапино веќе има постигнато пет гола на Мундијалот.

Фудбалерката на Лион, Венди Ренар го направи финишот на мечот на „Паркот на принцовите“ интересен, откако намали на 2:1, но до крајот на мечот Американките изддржаа за ново полуфинале.

Американска фудбалерка, не сакала да стапне во „еб.ената“ Бела куќа!

Scroll to Top