Top Sport

Експедицијата на Рома не доби дозвола да слета во Шпанија

Севилја утре нема да ја пречека Рома во првиот осмина-финален натпревар во Лига Европа. Италијанскиот клуб преку социјалните мрежи извести дека не добиле дозвола нивниот авион да слета во Шпанија.

Поради коронавирусот и епидемијата што владее експедицијата на Рома нема да се појави во Севилја. Од клубот известија дека повеќе детали ќе соопштат од УЕФА во текот на денот.

Италијанските граѓани добија препорака од властите доколку немаат потреба од излегување надвор да останат во своите домови.

Бројот на смртни случаи во оваа држава од коронавирусот е 631, а министерството за здравство информира дека заразени биле 10.149 лица.

Scroll to Top