Top Sport

Можно е во Серија А да се игра плеј-оф за титулата

Поради епидемијата на коронавирусот Италија ги суспендираше сите спортски настани до 3 април. Не е познато на кој начин ќе заврши Серија А каде на табелата води Јувентус пред Лацио, Интер и Аталната, додека за опстанок се борат СПАЛ, Бреша, Џенова и Лече.

Не е исклучена можноста првенството да биде решено низ плеј-оф.

Доколку тоа се случи тоа во полу-финалето би играле Јувентус и Аталанта, односно Лацио и Интер, потоа победниците би играле финале за титулата.

Слично би било и во борбата за опстанок, а двојките би биле Лече-СПАЛ и Џенова-Бреша.

Доколку се случи ова сценарио не е познато на кој начин би се одредиле екипите за Лига Европа. Од петтото до осмото место се Рома, Наполи, Милан и Верона.

Scroll to Top