Top Sport

Експерт за судење: Судијата тешко го оштети Ваљадолид

Судијата Хаиме Латре и контроверзната победа на Барселона над Ваљадолид е тема со која уште неколку дена ќе се занимава шпанската јавност. Барселона, синоќа, во 90.минта избори победа против тимот кој се бори за опстанок во лигата.

Експертот на „Марка“, поранешниот судија Андухар Оливер, издвоил две ситуации во кои судијата латер тешко го оштетил Ваљадолид.

Латре во 80.минута го исклучи Оскар Плано, поради фаулот врз Усман Дембеле. Впечатокот е дека стартот беше најмногу за жолт картон.

„Судијата со таа одлука тешко го оштети Ваљадолид. Прекршокот на гостинскиот фудбалер над Дембеле никако не беше за исклучување. Плано го фаулираше Дембеле кој беше во трк, но во тој фаул не е агресивен, нема намера за нешто такво“, рекол Оливер.

Поранешниот судија тврди и дека голот на Барселона е нерегуларен.

„Голот на Дембеле требаше да биде поништен. Десет секунди пред голот Џорди Алба најпрвин го фаулираше, а потоа му ја одзеде топката на Роке Меса“.

Полемика има и за моментот во 62.минута, кога Алба со рака играше пред својот гол. Андухар тврди дека во овој случај Латре донел исправна одлука да не досуди пенал.

„Мислам дека одлуката да не досуди пенал е исправна. Играчот на Барселона немаше намера да игра со рака, тоа им го објасни на играчите на Ваљадолид. Поради тоа не бараше дополнителна помош и не ја гледаше снимката“.

Scroll to Top