Top Sport

(Видео) Експресна реакција на Судиската организација на Англија – Ливерпул е оштетен во дербито

Судиската организација на Англија (ПГМОЛ) излезе со соопштение по вечерашниот натпревар помеѓу Тотенхем и Ливерпул.

Многу работи беа спорни на дуелот кој му припадна на Тотенхем со автоголот на Жоел Матип во 96. минута. Најмногу полемики предизвика поништениот гол на Луис Дијаз од првото полувреме.

Од секој агол на камерата беше очигледно дека Дијаз не е во офсајд, но судиите во ВАР собата не се потрудија да ги исцртаат линиите и да ја анализираат ситуацијата која во тој момент требаше да му донесе предност на Ливерпул, со играч помалку.

Реакцијата на судиската организација беше очекувана и пристигна околу еден час по крајот на натпреварот.

„ПГМОЛ проценува значајна човечка грешка што се случи за време на првото полувреме од натпреварот Тотенхем против Ливерпул. Голот на Луис Дијаз беше поништен поради офсајд од судијата на теренот. Беше јасно и очигледно дека има грешка и дека голот требаше да биде признне по интервенцијата од ВАР собата, но ВАР-от не се огласи. ПГМОЛ ќе го анализира сите околности што довеле до грешката. Веднаш ќе контактираме со Ливерпул за да ја потврдиме грешката“, се вели во соопштението.

Добро е што ПГМОЛ призна дека судиите задолжени за видео-анализата направиле кардинална грешка, но јасно е дека Ливерпул од ова признание нема да има никаква корист.

Scroll to Top