Поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел излезе од притвор по 21 месец по обвинението дека „испрал“ 20 милиони евра за ТВ-правата на бразилската фудбалска репрезентација додека на чело на оваа федерација беше Рикардо Тешеира.
Росел ќе се брани од слобода, односно од домашен притвор, иако обвинителството бара казна од 11 години затвор и финансиска казна од 60 милиони евра. Во Шпанија максималното „превентивно затварање“ е 24 месеци.
Росел ќе мора да го остави пасошот и ќе мора да се појавува секој втор понеделник во судот. Обвинителството тврди дека е можно бегство на 54-годишниот Росел поради неговите врски со луѓе надвор од Шпанија.
„Немам што да кријам. Невин сум за сè што ме обвинуваат и ќе го поставам цел мој посед под гаранција дека нема да побегнам“, изјави Росел.