Поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел ќе оди на судење за перење пари, потврди шпанската судијка, Кармен Ламела.
Росел е обвинет заедно со сопругата Марта Пинеда, адвокатот од Андора, Жоан Бесоли и уште тројца за перење пари и врски со организираниот криминал, кој се откри во „операцијата Римет“ на шпанската полиција.
Случајот за кој се работи е поврзан со земање пари од Бразилската фудбалска конфедерација (ЦФБ) за ТВ-правата на нивните натпревари, како и пари од спонзорските договори на „Најк“ со бразилската репрезентација. Росел и Бесоли биле сопственици на голем број на компании и банкарски сметки во Андора, преку кои „испрале“ 14.973.328 евра од различни ТВ-договори и уште 5 милиони евра од „Најк“.
Договорот првично бил потпишан во 2006 од Тера Тешеира со арапска компанија со седиште на Кајманските Острови за ТВ-правата на 24 натпревари на Бразил. Тешеира (8.393.328 евра) и Росел (6.580.000 евра), добиле исплата за кои ЦФБ не била информирана.
Фото: ЕПА