Top Sport

Експретседателот на ФИФА, Сеп Блатер заврши во болница!

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер е во болница во Швајцарија, но е во стабилна состојба и неговиот живот не е во опасност, вели неговата ќерка Корин Блатер Анденматен.

„Тој неколку дена е во болница, но состојбата му е подобра. Сега му е потребно само време и одмор“, изјави Блатер Анденматен.

Ова не е првпат 84-годишниот Блатер да е хоспитализиран, откако имаше здравствени проблеми во 2015 и 2016 година.

Минатиот месец, ФИФА го пријави Блатер до обвинителот во Цирих, околу криминалните активности околу проектот за музејот на ФИФА во овој град. Тој исто така е под посебна истрага во Швајцарија, за исплатата на кешот на Мишел Платини, за која доби осумгодишна суспензија од фудбалот, која подоцна беше намалена на шест години. Платини, кој исто така беше суспендиран, тврди дека немало никаков криминал.

Scroll to Top