Поранешниот словенечки фудбалер и селектор на македонската фудбалска репрезентација, Сречко Катанец ќе ја преземе селекторската репрезентација на Ирак, јавуваат словенечките медиуми.
Катанец е избран пред Свен-Горан Ериксон на оваа позиција и би заработувал околу 1.2 милиони долари годишно со азиската репрезентација.
Катанец беше селектор на Македонија од 2006 до 2009 година, а работеше и како селектор на Словенија (1998-2002, 2012-2017) и Обединетите Арапски Емирати (2009-2011). Главната задача со Ирак ќе им биде втор пласман на Светското првенство (по единствениот во 1986 година), а првиот предизвик на Катанец ќе биде Азискиот шампионат во јануари 2019 година.