Top Sport

Пеле му посака среќа на Кристијано и посочи дека тој ги одбил Јувентус

Бразилската фудбалска легенда, Пеле му посака среќа на Кристијано Роналдо пред дебито за Јувентус, и откри дека во свое време го одбил моќниот италијански клуб.

77-годишниот Бразилец пред првиот меч на Роналдо за Јувентус на гостувањето кај Киево се јави на Твитер.

„Кристијано, многу среќа во првиот меч со Јувентус. Во 1961 година, сопственикот на Фиат понуди да ме купи, но ова се единствените ленти за Пеле“, напиша Бразилецот.

Лентите, се секако дресот на бразилскиот Сантос, каде што Пеле помина поголем дел од кариерата.

Scroll to Top