Равел Морисон, поранешниот талент на Манчестер јунајтед, за кого Вејн Руни велеше дека е поголем талент од Пол Погба, потпиша за својот 11-ти клуб во професионалната кариера, холандскиот АДО Ден Хаг.
27-годишниот Морисон беше отпуштен од својот договор со Шефилд јунајтед, откако помина една сезона на позајмица во Мидлзборо, за кој имаше три настапи. По стартот на кариерата во академијата на Манчестер јунајтед, тој играше и за Вест хем, Лацио, Остерсунд и беше позајмуван на Бирмингем сити, Квинс Парк ренџерс (двапати), Кардиф сити, мексиканскиот клуб Атлас и Мидлзборо.
„Имам многу добар впечаток од клубот. Се надевам дека ќе добијам шанса да одиграм многу минути и морам да бидам трпелив“, вели Морисон, кој доби едногодишен договор.
? @morrisonravel: “Ik hoop van waarde te kunnen zijn met mijn creativiteit, passing, aannames en dribbels.”
? Martin Jol: “Wij zijn ervan overtuigd dat hij met zijn grote talent niet alleen onze club kan helpen, maar ook zichzelf kan helpen om weer vooruit te komen.”
— ADO Den Haag ? (@ADODenHaag) September 21, 2020