Top Sport

Екстра пари за Мурињо ако ги однесе Спарси до 4. место во ПЛ

Португалскиот менаџер на клупата на Тотенхем, Жозе Мурињо ќе добие бонус тежок 2,35 милиони евра доколку оваа сезона успее да ги однесе „петлите“ барем до четвртото место на табелата во Премиерлигата што ќе значи пласман во Лигата на шампионите за идната сезона.

Тотенхем моментно заостанува 9 бода од четвртопласираниот на табелата, лондонски Челси.

Баш поради тоа Мурињо инсистира во тимот да се врати екс-играчот, Фернандо Љоренте кој не доби посебна шанса во Наполи. Мурињо за него смета дека е сјаен играч кој со искуството може да придонесе за тимот. Посебно е потребен поради отсуството на капитенот Хари Кејн кој е под знак прашалник до крајот на сезоната.

Scroll to Top