Top Sport

Михајловиќ: Имав напади на паника во болница, сакав да побегнам низ прозорец!

Екс-српскиот фудбалер, а сега актуелен тренер на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ за тв емисијата „Verisimo” раскажа досега непознати детали од болницата во текот на 6-месечната борба со леукемијата.

Михајловиќ на 13 јули минатата година објави дека боледува од леукемија и од тогаш беше на три циклуси хемотерапија.

„Не сум херој. Сакав да го скршам прозорецот, но мојата сопруга и докторите ме спрелија. Имав 13 хемотерапии за 5 дена, но после третата, се уништија. Првиот круг беше најтежок. Имав напади на паника кои никогаш порано не сум ги доживеал затоа што бев затворен во соба со филтриран воздух. Не можев да излезам надвор и полудев поради тоа. Сакав прозорецот да го скршам со столица, но медицинските сестри ме запреа, ми дадоа инекција и ме смирија“ – вели Михајловиќ.

Тој доби поддршка од фудбалската јавност поради тоа што ја обелодени својата борба.

„Не сум херој, Нормален човек сум, со доблести и мани. Се соочив со леукемијата на свој начин и секој треба тоа да го направи. Многу битна работа во сето тоа е да не се каете ако нешто сте направиле. Се разболем, но морав да му дадам сила на семејството, затоа што многу полошо ќе беше да ме видеа тажен. Се трудев секогаш да сум позитивен и да се смеам. Беше тоа една од најтешките работи, затоа што не бев во топ форма. Кога се работи за празниците, ова беше мојот најубав Божик затоа што покрај мене беше целото семејство“ – рече Михајловиќ.

Scroll to Top