Еквадор одиграа 1:1 со Бразил за да обезбедат место во четврт-финалето на Копа Америка, резултат кој ја елиминираше Венецуела и најверојатно им донесе на Еквадорците меч со Аргентина.
Бразилскиот селектор Тите реши да ги одмори Нејмар, Тијаго Силва и Габриел Жесус на мечот на „Олимпико“ во Гојанија, откако Бразил веќе го имаше обезбедено првото место во групата. И покрај ова, Бразил стигнаа до водство во 37. минута со гол на Едер Милитао, пред Анхем Мена да израмни за Еквадор во 53. минута и да ја прекине низата од 10 победи на Бразил.
Бразилците сега се подготвуваат за четврт-финале против Уругвај и Чиле, односно еден од тимовите кој ќе заврши на четвртото место во групата А.
Перу пак, ја совлада Венецуела со 1:0 благодарение на голот на Андре Карилјо во 48. минута, со што го обезбедија второто место во групата Б, веднаш зад Бразил и пред Колумбија и Еквадор.