Top Sport

Еквадорското чудо од дете ги надмина Пеле и Марадона

Еквадорскиот тинејџер, Кендри Паез, имаше неверојатна недела. 16-годишникот беше повикан во А репрезентацијата и веднаш почна да пишува историја во квалификациските натпревари за СП 2026 година.

Најпрвин против Уругвај стана вториот најмлад јужноамерикански репрезентативец во историјата по легендарниот Диего Марадона, а на гостувањето кај Боливија постигна гол за водство на својот тим и со 16 години и 161 ден стана најмладиот стрелец во историјата јужноамерканскиот репрезентативен фудбал.

Зад зебе Паез ги остави иконите на светскиот фудбал Марадона и Пеле.

Паез е член на еквадорскиот прволигаш Индепендиенте дел Вале, за кого почна да игра како 15-годишник, а во летото 2025 година ќе се пресели во Челзи, кој веќе го обезбеди неговиот потпис.

Scroll to Top