Top Sport

Екваторијална Гвинеја го суспендираше најдобриот стрелец на Африканскиот куп

Емилио Нсуе постигна пет гола за Екваторијална Гвинеја на неодамнешниот Африкански куп на нации. Петте гола му беа доволни да го заврши турнирот како најдобра стрелец. Екваторијална Гвинеја, Африканскиот куп го заврши во осминафиналето.

По завршувањето на Купот на Африка, Фудбалскиот сојуз на Екваторијална Гвинеја го суспендираше на неодредено време поради „неколку епизоди на сериозни прекршувања на дисциплината“.

Со 22 гола во 44 одиграни натпревари, Нсуе е рекордер во репрезентацијата по бројот на голови и трет вкупно по бројот на одиграни натпревари.

„Ме избркаа од репрезентацијата без валидно објаснување. Измислија некој внатрешен правилник според кој ме суспендираа. Ме понижија пред целиот свет. Подготвен сум да умрам за мојата земја, ќе ја дадам Златната копачка за народот, нека ужива. Репрезентацијата е над се“, рече Нсуе и го критикуваше сојузот:

„Челниците се ракот на нашата земја. Тие се корумпирани. Украдоа милион евра. Наместо тие пари да им ги дадат на играчите, ни рекоа дека ќе ги вложат во домашното првенство. Лажат. Потребни се промени во Сојузот затоа што сега на негово чело се корумпирани лажговци и крадци“.

Scroll to Top