Top Sport

Ел Чирингито: Иско има договор со Барселона

Новинарот на „Ел Чирингито“, Едуардо Инда, објави сензационална вест. Играчот на Реал Мадрид, од наредната сезона ќе игра во Барселона.

Иско е еден од фудбалерите на Реал, кои имаат дозвола во зимскиот преоден рок да го напуштат клубот, сепак тој ќе ја искористи можноста по завршувањето на сезоната да замине од Мадрид како слободен играч.

Новинарот, Едуардо Инда, тврди дека Иско ги договорил финансиските детали со Барселона. Од наредната сезона тој ќе игра за најголемиот ривал на Реал.

Барселона го сакаше Иско и во 2013 година, но тогаш играќот на Малага, реши да ја прифати понудата на Реал. Со „кралскиот клуб“ освои четири титули во Лигата на шампионите, две во Ла Лига, една во Купот на Шпанија…

Во 2021 година ја доби наградата „Златно момче“.

Сезонава, кај Карло Анчелоти, играше на само девет натпревари.

Scroll to Top