Top Sport

Ел Чирингито: Мбапе се договорил со Реал Мадрид

Новинарот на „Ел Чирингито“, Џозеп Педрерол, објави дека Килијан Мбапе донел одлука да се пресели во Реал Мадрид. Мбапе има право да преговара со други клубови, бидејќи за шест месеци ќе биде слободен играч.

Реал две години не го кријат својот интерес за францускиот репрезентативец. Минатото лето, ПСЖ одбија понуда од 188.000.000 евра.

Мбапе, неколку пати одби да го продолжи договорот со ПСЖ, а откако ждрепката го спои „светците“ со Реал, во осмина-финалето во Лигата на шампионите, тој изјави дека конечната одлука ќе ја донесе на крајот од сезоната.

Мбапе рекол дека него цел оваа сезона е со ПСЖ да ја освои Лигата на шампионите.

Scroll to Top