Рекордот на Колумбиецот Фарид Мондграгон како најстар фудбалер во историјата на Мундијалите денеска ќе биде срушено од 45-годишниот египетски голман Есам Ел Хадари
Ел Хадари ќе го стартува мечот без резултатско значење помеѓу Египет и Саудиска Арабија во Волгоград, откако одигра пет мечеви во квалификациите за Русија. Ел Хадари го зема рекордот од уште еден голман, Мондрагон, кој во 2014 настапи за Колумбија три дена по неговиот 42. роденден.
Тројца селектори во Русија – Младен Крстајиќ (Србија), Алиу Сисе (Сенегал) и Роберто Мартинез (Белгија) се помлади од голманот на „фараоните“.
Ел Хадари ја почна професионалната кариера во 1993 со тимот на Дамиета во Египет, но најпознат е за 12-годишната кариера во Ал Ахли од 1996 до 2008 година, за кои имаше над 400 настапи. Тој сега игра во Саудиска Арабија, во клубот Ал-Тавун.
Фото: ЕПА