Top Sport

Ел Хаџи Диуф: Џерард е егоист, му беше битно само тој да даде гол!

Некогашниот напаѓач на Ливерпул, Ел Хаџи Диуф кој вниманието на светската јавност го привлече со одличните настапи за Сенегал на Светското првенство во 2002 година откри што мисли за легендата на Ливерпул, Стивен Џерард.

Диуф направи трансфер во Ливерпул непосредно по Мундијалот, а соблекувалната ја делеше со ѕвездите на „црвените“, Џерард и Карагер.

„Стивен Џерард е голем егоист. Не му беше битно дали Ливерпул ќе ги добива натпреварите, му беше битно само тој да постигне гол. Карагер е последната личност со која би го поминал Божиќ. Го мразам. Тој беше најлошиот играч кој некогаш сум го видел на теренот. Беше бескорисен. Имаше две леви нозе“ – вели Диуф.

Екс-фудбалерот сега е член на парламентот во Сенегал, а во 2024 година вели дека планира да се кандидира за претседател на неговата земја.

Scroll to Top