Top Sport

Леброн Џејмс се сели во Денвер?

По разочарувачата сезона во НБА лигата со Лејкерси, се појавија шпекулации дека „езерџиите“ размислуваат да го трејдуваат Леброн Џејмс за играч од друг клуб во лигата.

Дел од американските медиуми информираат дека Денвер Нагетс покажал желба дел од своите играчи да замени за да го доведе Џејмс во тимот.

„Кралот“ Леброн на почетокот на сезоната од Кливленд дојде во Лос Анџелес, но сепак не и помогна на екипата да се пласира во плеј-офот.

Навивачите се незадоволни од неговото присуство во клубот, па завчера организираа протест пред „Стејплс центарот“.
Лејкерси сезоната ја завршија на 10 место на Западот со 37 победи и 34 порази.
Поради недоразбирања на релација сопственик, управа и играчи, клубот го напушти легендата Меџик Џонсон, а потоа и тренерот Лук Волтон доби отказ.

Сепак, се чини Леброн не сака да ги напушти „езерџиите“. Доколку би дошол во Денвер, тој заедно со српскиот центар Никола Јокиќ би сочинувале одличен тандем кој лесно може да се впушти во борба за шампионскиот прстен.

Информациите од САД се дека Денвер би можело да ги „жртвува“ Мари, Херис, Крег и Бартон за да го доведе Леброн.
Денвер сеуште не ја завршил сезоната, претстои борба за финале во Западната конференција. Денвер последен пат играше финале на Западот пред 10 години.

Scroll to Top