Top Sport

Ел Класико ќе се „игра“ и пред судот во Мадрид

Конфликтот меѓу Барселона и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ќе има судски епилог, бидејќи е закажано рочиште за помирување меѓу двете страни.

Барселона и Перез треба да се појават пред судот во Мадрид на 25 ноември во 9:40 часот.

Рочиштето е прелиминарен чекор пред евентуалното поднесување кривична пријава против претседателот на Реал Мадрид поради клевета, а повод се неговите изјави за случајот „Негреира“.

Уште во јуни, Барселона поднесе барање за помирување против Перез, со цел претседателот на Реал Мадрид да се повлече од изјавите што каталонскиот клуб ги смета за навредливи и штетни за угледот на клубот.

Спорот избувна по изјавите на Перез на 12 мај, како и по последователното интервју, во кое тој зборуваше за ситуацијата во Барселона во контекст на случајот „Негреира“ и наводните придобивки што каталонскиот клуб ги имал од одлуките на судијата.

Перез, меѓу другото, изјави дека на Реал Мадрид му „беа украдени седум шампионски титули“, што Барселона го оцени како основа за поведување судска постапка.

Доколку помирувањето не биде успешно и Перес не го исполни барањето на Барселона, каталонскиот клуб објави дека може да поднесе соодветни кривични пријави.

На 17 јуни, Реал Мадрид, од друга страна, поднесе свој извештај до УЕФА во врска со случајот „Негреира“ и побара покренување дисциплинска постапка против Барселона. Мадридскиот клуб тврдеше дека постојат елементи кои ја оправдуваат интервенцијата на европската фудбалска организација.

Следниот чекор во недоразбирањата меѓу двата најголеми шпански фудбалски клуба ќе биде помирувачко рочиште закажано за 25 ноември во Мадрид.

Исходот од таа постапка би можел да одреди дали спорот ќе заврши со повлекување на спорните изјави или дали Барселона ќе продолжи со најавените правни чекори.

Засега, постапката е во фаза на помирување и не се поднесени формални кривични пријави против Флорентино Перез во врска со овој настан.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');