Top Sport

„Ел Класико“ ќе се игра во необичен термин

Првото „Ел Класико“ оваа сезона ќе биде одиграно на 26 октомври на стадионот Камп Ноу во Барселона, со почеток во 13 часот, потврдиле од Ла Лига.

Терминот го одреди компанијата Мовистар која ги поседува ТВ-правата за Шпанија. Според првичните планови дербито требаше да се игра в недела на 27 октомври од 20 часот. Промената на терминот е условена со милионскиот аудиториум во Азија.

Барселона би можеле да бидат незадоволни со овој термин, бидејќи три дена претходно ќе играат против Славија во Прага (23 октомври), во Лигата на шампионите.

Реал ќе имаат ден повеќе за одмор бидејќи гостувањето кај Галатасарај ќе го одработат на 22 октомври.

Последното „Ел Класико“ што одигра во Барселона заврши со убедлива победа на домаќините 5:1.

Scroll to Top