Top Sport

Ел Класико од две милијарди евра

За девет дена Барселона и Реал ќе се соочат во првото „Ел Класико“ оваа сезона. Шпанските медиуми веќе започнаа со најавите за големото дерби.

„Мундо Депортиво“ од Каталонија ги споредија вредностите на двата тима. Интерсно според овој медиум играчите на Реал вредат 1,19 милијарди, а на барселона 1,18 милијарди евра. „Мундо Депортиво“ ги користеле податоците на „Трансфермаркт“.

На фудбалскиот пазар најмногу вредат Лионел Меси и Еден Азар. Цената на Аргетнинецот и Белгиецот е 150 милиони евра. Проблем за Реал е што Азар најверојатно нема да игра во дербито.

Азар е единствениот играч на Реал чија вредност е поголема од 100 милиони евра. Додека кај Барселона уште двајца ја надминуваат оваа сума: Антоан Гризман (130) и Усман Дембеле (100). Дембеле исто така нема да игра во „Ел Класико“.

Вредност на екипите според „Трансфермаркт“:

Барселона

Голмани: Тер Штеген (90 милиони евра), Нето (18)

Одбрана: Ленгле (60), Пике (35), Вагу (5), Фирпо (20), Тодибо (8), Умтити (45), Алба (50), Семедо (40)

Ред за врска: Бускетс (50), Де Јонг (85), Артур (70), Серхи Роберто (50), Ракитиќ (35), Алења (30), Видал (15)

Напад: Дембеле (100), Гризман (130), Меси (150), Луис Суарез (50), Ансу Фати (25), Карлес Перез (10).

Реал

Голмани: Куртоа (55), Ареола (17,5)

Одбрана: Варан (70), Милитао (50), Серхио Рамос (25), Начо (20), Меди (40), Марсело (25), Карвахал (50), Одриозола (25)

Ред за врска: Каземиро (60), Крис (60), Модриќ (20), Валверде (20), Иско (60), Хамес Родригез (60)

Напад: Бензема (40), Брахим Дијаз (17), Азар (150), Винисиус (70), Асенсио (60), Бејл (60), Родриго (40), Лукас Васкез (25), Јовиќ (60), Маријано Дијаз (20).

Scroll to Top