Top Sport

„Ел Класико“ – Реал против традицијата и формата оди на „Ноу Камп“

Продолжуваат мечевите од шпанската Ла Лига, а денеска од 16 часот се игра долгоочекуваното „Ел Класико“. Сепак поради паднемијата на коронавирусот мечет ќе се игра на празни трибини на „Ноу Камп“.

Летово имаше големи промени во тимот на Барселона. Пред се, нов тренер стана Роналд Куман кој има задача овој тим повторно да го доведе до шампионската титула, но и да избори завршница во Лигата на шампиони.

Минатата сезона Барса заврши втора зад Реал, а во ЛШ беше демолирана со 8-2 од Баерн Минхен во четвртфиналето.

Доста се пишуваше за тоа дека Лео Меси по долгогодишна верност си оди од клубот, сепак реши да остане и да се обиде со тимот од Каталонија повторно да ги освои посакуваните трофеи. Барса со Куман сјајно стартуваше во новата сезона на ЛШ, со 5-1 го совладаа Ференцварош.

Реал Мадрид, пак, се чини се наоѓа во резултатска криза. Минатиот викенд доживеаја шокантен пораз од Кадиз на свој терен, а во средата исто така на домашен терен загубија со 2-3 од Шахтјор Доњецк. Мадриѓаните имаат уште многу време да ја поправат формата, а токму „Ел Класико“ е новиот испит.

Барселона уште од 2017 година не е поразена на свој терен од Реал Мадрид, сепак впечатокот е дека двата тима не брилјираат на стартот на сезоната.

Мечот во Каталонија се игра со почеток во 16 часот.

Scroll to Top