По репрезентативната пауза Барселона ја очекуваат два тешки дуели, со Јувентус во Лигата на шампионите и со најголемиот ривал Реал во Ла Лига.
Се шпекулираше дека Ел Класико ќе се игра во пладневниот термин од 13 часот, поради кинескиот и американскиот пазар, меѓутоа шпанските медиуми тврдат дека дуелот на „Ноу Камп“ на 24 октомври ќе започне во 16 часот.
Пред дуелите со Јувентус и Реал фудбалерите на Барселона ќе очекува тешко гостување кај Хетафе на 17 октомври. Реал до натпреварот со Барса ќе игра два домашни натпревари против Кадиз и Шахтјор во Лигата на шампионите.