Марсело Бјелса ќе биде новиот селекторт на фудбалската репрезентација на Уругвај. Досега во кариерата, Бјелса како селектор ги предводел Аргентина и Чиле.
Уругвај остана без селектор по Мундијалот во Катар. На СП, Уругвај со Диего Алонсо не успеа да ја мине групата во која беа Португалија, Јужна Кореја и Гана.
Бјелса е без работа 13 месеци откако го напушти Лидс јунајтед. Во меѓувреме се поврзуваше со Евертон и со репрезентацијата на Мексико.
Популарниот „Ел Локо“, ќе има доволно време да ги подготви Ургвајците за Копа Америка во 2024 година. Уругвај е најтрофејниот мтим во ова натпреварување. Последниот од 15. тофеи во Копа Америка, Уругвај го освои во 2011 година.