Единсон Кавани по завршувањето на сезоната како слободен играч ќе го напушти Пари Сен Жермен. Интерес за докажаниот голгетер има кај неколку клубови од целиот свет. Бока Јуниорс, Интер Мајами и Атлетико Мадрид најчесто се споменуваат како негова следна дестинација, но медиумите не ја исклучуваат можноста тој да се врати во Наоли.
„Џенаро Гатузо би скокал од среќа кога би добил напаѓач каков што е Кавани“, пишуваат медиумите во Италија.
Според нив сопственикот на Наполи Аурелио Де Лаурентис подготвувал три годишен договор за Кавани со годишна плата од седум милиони евра, а би добил и седум милиони евра само за потпишување на договорот.
Кавани бил заинтересиран за оваа опција бидејќи неговите деца од првиот брак живеат во Неапол.
Инаку, Кавани во земскиот преоден рок се наоѓаше пред трансфер во Атлетико Мадрид. Трансферот не беше реализиран поради нереалните финансиски барања на играчот и неговиот менаџер.
За потписот тие барале 15 милиони евра и плус 24 милиони евра за две годишен договор.