Top Sport

АС: Модриќ ќе остане во Реал

Лука Модриќ до крај ќе го одработи договорот со Реал Мадрид. Хрватскиот репрезентативец има договор со „кралскиот клуб“ до јуни 2021 година.

Иако уште од минатото лето се шпекулира дека Реал ќе го продаде Модриќ, „АС“ тврди дека тој без оглед на тоа што во септември ќе наполи 35 години ќе остане и наредната сезона во клубот.

Модриќ е играч на Реал од 2012 година, досега има одиграно 333 натпревари на кои постигнал 22 гола.

Со Реал ги освои сите трофеи во клупскиот фудбал.

Scroll to Top