Top Sport

Ел Насионал: Барса е заинтересирана за Рашфорд

Маркус Рашфорд би можел да си замине од Манчестер јунајтед. Новиот менаџер, Ралф Рангник, наводно не сметал сериозно на него. Рашфорд од почетокот на сезоната има одиграно само 565 минути за „црвените ѓаволи“.

„Рашфорд оваа сезона имаше проблеми со повредите и со депресијата од која се уште не се извлекол по промашениот пенал во финалето на ЕП. Покрај тоа Рангник се обидува да го извлече максимумот од Џејдон Санчо и не сака да го кочи развојот на младиот Мејсон Гринвуд, а недопирливи во тимот се Бруно фернандеш и Кристијано Роналдо“, пишува „Ел Насионал“.

Според овој извор Барселона сака да го види Рашфорд на „Ноу Камп“. Проблем сепак претставува цената на Рашфорд. „Ел Насионал“ тврди дека Јунајтед би прифатиле 70.000.000 евра.

Во ситуација на финансиска криза, во која се наоѓа Барселона, оваа сума е преголема за клубот.

Scroll to Top