Познатиот менаџер Фаљи Рамадани е под истрага на шпанските власти за перење пари.
Како што пишуваат шпанските медиуми во заедничка акција на Управата за јавни приходи на Шпанија и Еуропол била откrиена мрежа поврзана со клубови од Кипар, Белија и Србија.
Рамадани е обвинет дека е член на таа мрежа и дека со фиктивни потписи и неплаќање на данок, извлекол дури 10 милиони евра.
Шпанските власти се сомневаат дека парите биле префрлувани во даночните раеви и на купување на луксузни куќи, јахти…
Надлежните до овие наводи дошле по опсежната истрага на Балеарските осгтрови, Барселона, Мадрид, Малага, Севилја, Алмерија, Виторија…
Пред три години шпанските власти дознале дека двајца менаџери се поврзани со агенции што прават најголем промет во Европа, а кои се занимаваат со трансфери на фудбaлери. Еден од тие двајца бил Рамадани.
Бил следен патот на парите и како што наведува „Ел Паис“ било откривено дека менаџерите биле дел од криминална организација која со фиктивни потписи контролирала разни клубови во Кипар, Србија и Белгија.
Досега биле истражени пет лица, меѓу кои е Рамадани, како и еден фудбалер.
Истрагате се уште трае и ќе биде проширена и на другите земји.
Шпанците го обвинуваат тетовскиот супер-агент Фаљи Рамадани за перење пари!