Поранешната ѕвезда на Наполи и Пари Сен-Жермен, Езекиел Лавеци потврди дека се пензионира од професионалниот фудбал на 34 години.
По крајот на сезоната во кинеската Суперлига со Хебеи Чајна фортјун, Лавеци објави дека ќе му треба време да одлучи што ќе прави во иднина, и сега го потврди повлекувањето преку Инстаграм.
„Тоа беа прекрасни години од оваа приказна. Години одбележани со учење, уникатни моменти и многу сеќавања кои ќе останат засекогаш во моето срце. Вечно сум благодарен за тие кои останаа покрај мене во ова патување. Со многу радост, кажувам збогум на неверојатната фаза на мојот живот. Бев многу среќен“, напиша Лавеци.
Аргентинскиот напаѓач дебитираше за Естудијантес во 2003 година, пред да се приклучи на Сан Лоренцо на крајот на годината. Тој направи трансфер во Наполи летото 2007 година и помина пет години во Неапол, освојувајќи го трофејот од Копа Италија. Потоа во 2012 тој се пресели во Пари Сен-Жермен во 2012, за да ја заврши кариерата во Кина. Тој имаше 51 настап за аргентинската репрезентација и беше дел од селекцијата која загуби во финалето на СП во 2014 од Германија.