Top Sport

Еланга вели дека добил одлични совети од Златан и Роналдо

Талентот на Манчестер Јунајед, Ентони Еланга вели дека очекува да има и подобра 2022/23 откако добил фантастични совети од Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ.

20-годишниот Швеѓанец оваа сезона се проби во првиот тим на „Олд Трафорд“, добивајќи шанса од преодниот менаџер Ралф Рангник да игра покрај Роналдо во нападот, постигнувајќи 3 гола и 2 асистенции во 25 настапи,  по што доби повик и во шведската репрезентација, каде што пак соработуваше со ветеранот на Милан, Ибрахимовиќ.

„Пораснав гледајќи го Јунајтед, со Вејн Руни и секако, Кристијано Роналдо. Зборувам со Кристијано долго на секој тренинг и тој секогаш ми дава совети. Пораснав гледајќи го на ‘Олд Трафорд’ така што е фантастично чувство да играш покрај него. Има и други фудбалери кои ми помогнаа, како Виктор Линделоф, Хуан Мата и Бруно Фернандеш, а со репрезентацијата имав шанси да добивам совети од Златан Ибрахимовиќ. Мислам дека со тоа искуство можам да достигнам повисоко ниво следната сезона“, вели Еланга.

Scroll to Top