Top Sport

Фудбалска еуфорија на „Ареки“ – Салернитана излезе од зоната за испаѓање!

Салернитана, клубот кој уште во декември беше „отпишан“ како сигурен второлигаш следната сезона, продолжи со неверојатната серија, забележувајќи ја својата четврта победа во последните пет меча (во кои се непоразени) за да излезат од зоната за испаѓање.

Во директен дуел со уште еден клуб кому му се заканува враќање во Серија Б, Венеција, Салернитана стигна до 2:1 победа за да се искачи на 16. место на табелата и да ги „втурне“ Каљари, клуб кој завчера го отпушти тренерот Валтер Мацари, во зоната за испаѓање.

Федерико Бонацоли уште во 7. минута со гол од пенал ги донесе домаќините во водство, пред Венеција да израмни преку Томас Анри во 58. минута. Супер-замената Симоне Верди да го постигне својот четврт гол во 12 меча по пристигнувањето од Торино во 67. минута од мечот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top