Top Sport

Елбер: Му кажав на Левандовски дека е подобар и од мене

Поранешната ѕвезда на Баерн Минхен, Џоване Елбер остана легенда во шест сезони со баварскиот клуб, но признава дека му кажал на полскиот напаѓач Роберт Левандовски дека тој е многу подобар од него.

Елбер беше во Баерн од 1997 до 2003 година, освојувајќи четири титули од Бундеслигата и една од Лигата на шампионите и постигнувајќи фантастични 140 голови со кои е на деветтото место на вечната листа на клубот. Но, Левандовски пак, има дури 153 голови со што е на втората листа само зад Герд Милер, кој има недостижни 398 гола.

„Левандовски ми кажа дека неговиот татко постојано гледал Бундеслига и му кажал: ’Мораш да бидеш како овој фудбалер, Џоване Елбер’. Јас му кажав дека не сме еднакви, бидејќи тој е подобар од мене.  Неговиот фокус е неверојатен, неговата смиреност пред голот. Се работи за спектакуларен фудбалер“, вели Елбер за „Гол“.

Левандовски има постигнато 25 гола во Бундеслигата во 2019/20, а Баерн денеска го продолжува шампионатот со гостување кај Унион Берлин.

Scroll to Top