Top Sport

Кјелини: Ќе зборуваш со Сари и веднаш мораш на туширање!

Џорџо Кјелини вели дека фудбалерите на Јувентус веднаш откриле дека по било кој разговор со тренерот Маурицио Сари ќе мораат да одат под туш, бидејќи ако не го направат тоа ќе „смрдат на цигари“.

Поранешниот тренер на Наполи и Челси е познат по неговата легендарна зависност од цигарите, а очигледно неодамнешната битка со пневмонијата не го натера да ја отфрли навиката. Кјелини во својата автобиографија која крена многу прашина во Италија, открива каков всушност е Маурицио Сари.

„Тој има многу затворен карактер, не дозволува многу да му се приближиш, иако мислам дека во Јувентус малку се смени. Нешто што ништо нема да го смени е неговата неверојатна приврзаност кон цигарите. Одиш во неговата канцеларија да зборуваш со него и потоа веднаш мораш на туширање, бидејќи цел ден ќе смрдиш на цигари“, пишува Кјелини.

Тој додава дека тактиките на Сари, популарниот „Саризмо“ уште не е целосно прифатен од фудбалери по тактиките на Антонио Конте и Масимилијано Алегри.

„Сари секогаш бара совршенство, на пример 100 отсто посед на топката на гостинска половина. Тоа секако е невозможно, но со таков менталитет стигна до таму каде што е сега“, додава Кјелини.

Scroll to Top