Top Sport

Елбер: Никогаш не сум почувствувал расизам во Германија

Поранешниот напаѓач на Баерн Минхен, Џоване Елбер инсистира дека во својата долга кариера во Германија ниту еднаш не почувствувал расизам, за разлика од Месут Озил, кој ја напушти германската репрезентација поради оваа причина.

Озил тврдеше дека се повлекува поради „расизмот и недостатокот на почит“ од навивачите и од луѓето во Германската фудбалска федерација (ДФБ) по СП во Русија со зборовите: „Германец сум кога победуваме, но имигрант кога ќе загубиме“.

Елбер, кој помина шест сезони во Баерн, вели дека никогаш не почувствувал такво нешто.

„Во Германија, фала му на Бога, никогаш не сум имал проблеми со расизмот. Ниту јас, ниту моето семејство, ниту моите деца. Секогаш работите одеа прекрасно, сите ме почитуваа без разлика од кој клуб или кој град се. Со Озил, мислам дека тој самиот направи грешка со тоа што не размислуваше“, вели Елбер.

Тој ја посочува фотографијата на Озил со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како главната причина за проблемите.

„Фотографијата беше навистина непотребна и сам си направи проблеми. Но, од друга страна тоа е претседател на земјата од каде се неговите корени. Мора да се сфати и тоа. Во Бразил секогаш велиме дека фудбалот мора да е на страна од политиката, бидејќи само така може да го крене човекот“, додава Елбер.

Scroll to Top