Top Sport

Клоп со искрено признание: Никој не може да го замени Кутињо во Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека никогаш не размислувал да најде играч кој ќе ја пополни празнината на Филипе Кутињо во составот, бидејќи тоа едноставно не е можно.

Кутињо замина за Барселона во јануари во договор од 142 милиони фунти, но и покрај тоа, Ливерпул стигна до финалето на Лигата на шампионите, каде што загуби од Реал Мадрид. Овие пари беа потрошени да се донесат Виргил ван Дајк, Фабињо, Наби Кеита, Џердан Шаќири и Алисон.

„Не можете да го замените Фил Кутињо со ист тип на играч. Тој е Фил Кутињо, има посебен начин на игра, тактички е фантастичен фудбалер. Може да игра на крило, на „десетка“, на „осумка“… Навистина фантастично. Не сакав да поставам ниту еден мој фудбалер во позиција секогаш да му зборуваат: ’Тој е замената за Кутињо’“, објаснува Клоп.

Сепак, Германецот си даде за право да фантазира како ќе завршеше финалето на ЛШ против Реал доколку Кутињо беше во тимот, посебно по повредата на Мо Салах.

„Најдоброто нешто што го направивме во вториот дел од сезоната е што не зборувавме за Фил. Да го имавме во финалето на ЛШ, тогаш можеби ќе беше поинаку. Но, не беше така“, вели Клоп.

Scroll to Top