Top Sport

Елче до врв ја наполни мрежата на Димитиревски

Давеникот Елче го декласира Рајо Ваљекано во 32.коло во Примера. Македонскиот репрезентативец, Столе Димитиревски четири пати ја вадеше топката од својата мрежа.

Елче ја забележа третата победа од почетокот на сезоната, но речиси нема шанси да избори опстанок.
Работата уште повеќе им ја олесни тоа што гостите од 27. минута играа со десетмина поради исклучувањето на Флоријан Лежен.

Тете Моренте, најдобриот играч на Елче, го постигна првиот во последните секунди од првото полувреме. Во второто, блиц криг н Елче, речиси во иста минута погодија Боје и Фидел.

Точка на победата на Елче стави Гамбо во 72. минута.

Елче во следното коло гостува кај Алмерија, а Рајо Ваљекано го пречекува Ваљадолид.

Scroll to Top