Top Sport

Елиф Елмас вреди 50 милиони евра, тврди Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас игра одлично оваа сезона во дресот на Наполи и клубот од Неапол нема намера лесно да се откаже од него. Според италијанските медуми, „наполитанците“ не би се сложиле да го продадат македонскиот ас без понуда од 50 милиони евра.

Тоа го откри италијанскиот новинар Франческо Модуњо на „Теленовело“.

„Елмас е еден од највредните фудбалери на Наполи, неговата нова цена изнесува 50 милиони евра, сега никој не сака да чуе да чуе да биде продаден за помалку“, истакна Модуњо.

Scroll to Top