Top Sport

Елиот: Милан не е на продажба

Црни облаци го притискаат италијанскиот великан Милан. Долговите го достигнале историскиот максимум, а тимот се наоѓа далеку од местата што водат во Лигата на шампионите, поради што зачестија и прашањата околу сопственоста во наредниот период.

Актуелниот сопственик, инвестицискиот фонд „Елиот“ во клубот дојде за да ги подмири долговите на претходниот сопственик. Поради тоа се зголемени сомнежите дека американскиот фонд нема намера долгорочно да остане во клубот, туку дека желбата е повторно да го продаде.

Ваквите наводи ги демантираат од фондот.

„Во моментов размислуваме само за изградбата на новиот стадион во подрачјето на Сан Сиро. За нас тоа е тема број еден. Не доаѓа во предвид „статус кво“ ситуација и реконструкција на стадионот. Исто така не е опција ниту продажбата на Милан“, стои во соопштението од „Елиот“.

Тековната сезона е ужасна за седумкратниот европски првак. Тренерот Марко Џампаоло доби отказ по само 111 дена, а на неговото место дојде Стефано Пиоли. Милан има три победи и четири порази по седум кола во Серија А.

Scroll to Top