Top Sport

УЕФА: Русија и Косово не можат да бидат во иста група

Европската фудбалска унија (УЕФА) соопшти дека од безбедносни причини во квалификациите за меѓународните натпреварувања во иста група нема да можат да играат Русија и Косово.

Ваквата одлука на УЕФА може да влијае на ждрепката за ЕУРО 2020 што ќе се одржи на 30 ноември во Букурешт.

Русија веќе избори пласман, додека Косово има шанси преку квалификациите, но и преку плејофот во Лигата на нации да стигне до континенталната смотра.

Русите на ЕУРО 2020 ќе бидат домаќини на четири натпревари во Санкт Петербург.

Од претходно е познато дека во иста група во квалификациите за светските и европските првенства не можат да бида Србија и Косово, Босна и Херцеговина и Косово, Шпанија и Гибралтар, Русија и Украина, односно Ерменија и Азрбејџан.

Scroll to Top