Данската репрезентација, овојпат во елитен состав по привремениот прекин на штрајкот, стигна до импресивна 2:0 победа на Велс во дуелот од Лига Б од Лигата на нации на УЕФА по фарсата во пријателскиот меч од Словачка (кој го загубија со 3:0).
Кристијан Ериксен, најдобриот дански фудбалер на денешницата, прво во 32. минута со убав удар донесе водство за Данците , за потоа во 69. минута да ја обезбеди победата со гол од пенал. За тимот на Рајан Гигс, ова е незгодно враќање во реалноста, откако во првиот меч доминираа и со 4:1 ја победија репрезентацијата на Ирска.
Во првиот денешен меч, Украина на селекторот Андриј Шевченко стигна до минимална 1:0 победа над Словачка, благодарение на голот од пенал на Јармоленко во 80. минута од мечот. Украинците во првиот меч од својата група со 2:1 ја совладаа Чешка.
Бугарија, пак, го доби и вториот меч во Лига Ц, откако Радослав Василев им донесе минимална 1:0 победа над Норвешка на „Васил Левски“ во Софија, по победата од 2:1 на гости кај Словенија.
Фото: ЕПА
ЛИГА НА НАЦИИ
ЛИГА Б
Украина – Словачка 1:0
Данска – Велс 2:0
ЛИГА Ц
Бугарија – Норвешка 1:0
ЛИГА Д
Грузија – Летонија 1:0