Top Sport

Елкан: Јувентус ги надминува сите пречки и станува посилен

Џон Елкан, генералниот директор на компанијата „Ексор“ и предводник на семејството Ањели реагираше на казната на Јувентус од 10 поени, признавајќи дека се работи за тежок момент за „бјанконерите“, но дека Јуве секогаш се соочувал со проблемите и ги надминувал.

По казната од 10 поени, тимот на Масимилијано Алегри падна на седмото место на табелата на две кола пред крајот, со многу мали шанси да се обезбеди место во Лигата на шампиони. Зборувајќи на Универзитетот Бокони, тој изјави дека очекува Јувентус повторно да биде силен.

„Ова е тежок момент за нас на фудбалскиот терен и надвор од него. Јувентус секогаш се соочувале со проблеми и секогаш станувале посилни. Денеска зборував со нашиот треенер Ањели. Тој ја препознава одговорноста за нашата историја и е посветен во следните два меча да ни донесе европски фудбал“, вели Елкан.

Scroll to Top