Top Sport

Кунде по само една сезона сака да замине од Барселона

Жил Кунде побарал Барселона да го постави на трансфер-листата бидејќи сака да игра на позицијата на централен бек, но каталонскиот клуб нем да го пушти за под 75 милиони евра, тврди „Спорт“.

Барса го купи Кунде од Севилја минатото лето за 50 милиони евра, плус 10 милиони евра бонуси, и тој има 38 настапи за клубот и се смета за еден од клучните играчи. Меѓутоа, на Французинот не му се допаѓа да игра на позицијата на десен бек, и само осум пат бил на својата посакувана позиција.

Челси го „бркаше“ потписот на Кунде пред неговиот трансфер во Барселона, и би можеле повторно да бидат заинтересирани под новиот менаџер Маурисио Почетино, кој прво ќе мора да ја среди одбраната на „сините“.

Scroll to Top