Top Sport

Елмас доби нов соиграч, Лозано потпиша со Наполи

Ден пред почетокот на сезоната во Серија А, фудбалскиот клуб Наполи го официјализира трансферот на Ирвин Лозано. Мексиканецот потпиша пет годишен договор и стана најскапото засилување во историјата на клубот од „Сан Паоло“. За неговиот трансфер клубот издвои 38 милиони евра.

Лозано во Наполи дојде од ПСВ Ајндховен, каде минатата сезона, во сите натпреварувања забележал 21 гол и 17 асистенции. Тој е претпоследната алка во составот на Карло Анчелоти во пресрет на новата сезона. Последната алка треба да биде Фернандо Љоренте, откако на Наполи му пропаднаа сите обиди да го донесе Мауро Икарди.

Лозано е десеттото засилување за Наполи во летниот преоден рок. Претходно договори со клубот потпишаа Елиф Елмас, Алекс Мерет, Костас Манолас, Џовани Ди Лоренцо…

Новата сезона Наполи ќе го отворат утре против Фиорентина.

Scroll to Top