Top Sport

Зидан: Нејмар? Има време до 2 септември

Тренерот на Реал Мадрид не сакал да говори за потенцијалните трансфери на кои работеле во клубот само истакнал дека многу работи можеле да се случат до 2 септември.

Последните две недели Бразилецот Нејмар се поврзува со Реал, а според медиумите „кралскиот клуб“ испратил конкретна понуда за во Париз, која вклучувала тројца играчи (Герет Бејл, Хамес Родригез, Кејлор Навас) и 100 милиони евра.

„Сè е можно до 2 септември. Играчи можат да дојдат и да заминат. Тоа е она што може да се случи во секој клуб. Со нетрпение чекам да престанеме да зборуваме на оваа тема“, рекол Зидан и дополнил.

„Не би сакал да зборувам за Нејмар. Она што ме интересира е наредниот меч на мојот тим“.

Францускиот тренер ја отфрлил можноста голманот Кејлор Навас да биде продаден иако тој побарал трансфер. Исто така тој проговорил и за Хамес Родригез и Герет Бејл.

„Бејл е добар играч, но како и сите тој треба да работи напорно. Ќе остане во тимот. Вистина е дека се случија многу работи, но најважно е дека сега ни стои на располагање. Важен играч е и се надевам дека ќе прикаже се од неговиот репертоар. Драго ми е и за Хамес. И тој е среќен што е во Мадрид. Многу натпревари имам пред нас, сметам на сите“, заклучил Зидан.

Scroll to Top